Трамп: Нема да ја напуштам Украина, сакам долгорочен мир

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп во интервју за магазинот „Тајм“ изјави дека нема да се откаже од поддршката за Украина и дека сака долгорочен мир.

„Не можете да постигнете договор ако ја напуштите Украина. Верувам дека оваа воена состојба треба да заврши што е можно поскоро, бидејќи бројот на загинатите, и Русите и Украинците, е страшен“, изјави Трамп за американскиот магазин, кој го избра за Личност на годината.

Трамп истакна дека ако тој беше претседател кога започна конфликтот во 2022 година, војната во Украина немаше да се случи.