Трамп нема да присуствува на инаугурацијата на Бајден

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот Трамп нема да присуствува на мирниот трансфер на власта на новоизбраниот претседател Џо Бајден во Капитол Хил за 12 дена, потврдува тој на Твитер.

Инаку, Трамп со ова ја нарушува воспоставената традиција во политичката историја на САД, претседателот во заминување да се ракува и разговара со новоизбраниот претседател, како конечен акт на примопредавањето на власта. Но тој нема да биде првиот претседател кој избегнува инаугурација. Претходно тоа го сториле претседателите Џон Адамс, Џон Квинси Адамс и Ендрју Џонсон.  

Трамп синоќа за прв пат јавно призна дека нема да отслужи втор мандат, застанувајќи да му честита на новоизбраниот претседател eо Бајден, но признавајќи дека трансферот на власта е во тек.

„Новата администрација ќе биде инаугурирана на 20 јануари“, рече Трамп во видеото, кое беше снимено во Белата куќа. „Мојот фокус сега се свртува кон обезбедување непречена, уредена и беспрекорна транзиција на моќта“.

Советник на Белата куќа во дискусиите со високи функционери рече дека Трамп го снимил видеото само затоа што на неговото претседателствување му се закануваат оставки и потенцијален импичмент.