Трамп: Одам во Вашингтон да ме уапсат, тоа е голема чест за мене

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп, воочи доаѓањето во федералниот суд во Вашингтон, каде ќе треба да се изјасни по обвинението кое го товари за обид за поништување на резултатите на претседателските избори 2020 година, порача дека за него е голема чест што ќе го уапсат.

„Одам во Вашингтон да ме уапсат затоа што ги доведов во прашање корупмипраните, наместените и украдени избори. Голема чест ми е што ќе ме уапсат само поради вас. Да ја направиме Америка повторно голема“, напиша Трамп на социјалните мрежи.