Трамп по нередите во Лос Анџелес: Доведете ја војската!!!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

По пристигнувањето на припадниците на Националната гарда во Лос Анџелес, по налог на актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп, избувнаа конфликти и насилство. Протестите што избувнаа поради рации и депортации на мигранти траат со денови.

„Жители на Лос Анџелес — не учествувајте во насилството и хаосот. Не ѝ давајте на администрацијата она што го сака“, рече градоначалничката на Лос Анџелес, Карен Бас.

Во меморандум од Белата куќа се повикува на распоредување на илјадници припадници на Националната гарда како одговор на протестите.

„Изгледа навистина лошо во Лос Анџелес. ДОВЕДЕТЕ ЈА ВОЈСКАТА!!!“, објави Трамп на својата социјална мрежа Truth.