Израелскиот претседател Исак Херцог доби писмо од американскиот претседател Доналд Трамп во кое го поканува да ја разгледа идејата за помилување на премиерот Бенјамин Нетанјаху, соопшти денеска неговиот кабинет.
Во текот на неколку години имаше три одделни судења против Нетанјаху поради наводна корупција, а Трамп постојано бараше негово помилување.
„Иако апсолутно ја почитувам независноста на израелскиот судски систем и неговите барања, верувам дека овој „случај“ против Нетанјаху, кој долго време се бореше заедно со мене, вклучително и против многу моќниот непријател на Израел – Иран, е политички мотивиран, неоправдан прогон“, напиша Трамп во писмо до израелскиот претседател.
