Американскиот претседател Доналд Трамп денес одлучи да испрати специјално оружје во Украина, а се сретна и со Марк Руте, шефот на НАТО алијансата.
Како што објави американскиот портал „Аксиос“, веројатно е дека на Украина ќе ѝ биде испратено не само одбранбено оружје како што е системот „Патриот“, туку и офанзивно, кое вклучува ракети со долг дострел што можат да се користат за напад на цели во Москва.
Доналд Трамп се сретна со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во Белата куќа. Во исто време, тој ѝ се закани на Русија со нови, високи царини ако во рок од 50 дена не се согласи на договор со кој ќе се стави крај на војната во Украина.
„Многу сум незадоволен од однесувањето на Москва“, рече тој, според Си-Ен-Ен.
„Доколку нема договор, ќе воведеме сериозни дополнителни царини – околу 100 проценти“, рече Трамп.
