Трамп постхумно ќе го одликува Кирк

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Американскиот претседател Доналд Трамп денес објави дека наскоро постхумно ќе му го додели Претседателскиот медал за слобода на американскиот патриот Чарли Кирк, кој беше убиен во среда во обид за атентат во Јута.

Зборувајќи на комеморацијата во Пентагон по повод 24-годишнината од терористичките напади на 11 септември 2001 година, Трамп рече дека Кирк бил „гигант од својата генерација, застапник на слободата и инспирација за милиони луѓе“, објави Гардијан.

„Нашите молитви се со неговата прекрасна сопруга Ерика и неговите прекрасни деца, тие се фантастични луѓе. Многу ни недостига, но не се сомневам дека гласот на Чарли и храброста што ја донесе во срцата на безброј луѓе, особено млади луѓе, ќе продолжат да живеат“, рече Трамп.