Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп одржаа 40-минутен телефонски разговор во кој разговараа за тековните нуклеарни преговори меѓу Вашингтон и Техеран, соопшти денес кабинетот на Нетанјаху.
Разговорот се одржал синоќа, откако Иран објави дека наскоро ќе одговори на најновиот предлог на САД за нуклеарен договор, пишува „Тајмс оф Израел“.
Во соопштението за медиумите се наведува дека двајцата лидери разговарале за понатамошните чекори во нуклеарните преговори и дека Трамп рекол дека САД му претставиле „разумен предлог“ на Иран и дека се очекува одговор во наредните денови.
