Трамп: Разговарав и со Зеленски, ситуацијата е тешка…

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Американскиот претседател Доналд Трамп го опиша неодамнешниот телефонски разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски како „добар“ и „стратешки важен“.

„Имавме добар разговор. Разговаравме за различни работи. И имавме многу добар разговор. Мислам дека беше многу, многу стратешки разговор“, им рече Трамп на новинарите во претседателскиот авион, објави денес Укринформ.

Трамп додаде дека САД ќе продолжат да ја поддржуваат Украина.

„Им помогнавме и ќе продолжиме да им помагаме. Тоа е прилично тешка ситуација. Ќе видиме што ќе се случи“, рече Трамп.

На прашањето дали САД би се согласиле да испорачаат повеќе противвоздушни ракети „Патриот“ на Украина, како што побара Зеленски, Трамп одговори дека на Украина ѝ се потребни американски системи „за одбрана“.

„Ќе им треба нешто, бидејќи беа погодени доста силно“, рече Трамп, кој ги пофали целокупните перформанси на системот „Патриот“.

Американскиот претседател го повтори своето незадоволство од телефонскиот разговор со рускиот лидер Владимир Путин во четвртокот.

„Се чини дека тој сака да оди до крај и само да продолжи да убива луѓе. Тоа не е добро. Не бев задоволен од тоа“, рече Трамп.