Трамп: Разочаран сум, го скратувам рокот на Путин!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека е разочаран од рускиот претседател Владимир Путин и дека ќе го скрати рокот од 50 дена што му го даде за постигнување договор за прекин на огнот во Украина.

– Разочаран сум од Путин. Ќе го скратам рокот од 50 дена за постигнување договор за Украина. Ќе му дадам помал број – рече Трамп пред средбата со британскиот премиер Кир Стармер во Шкотска, пренесува Ројтерс.

Агенцијата наведува дека Трамп не го прецизирал новиот рок.