Трамп рече дека е можно утре да пристигне во Турција на преговорите меѓу Русија и Украина

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека би можел утре да замине во Турција и да земе учество на преговорите помеѓу Украина и Русија „ако биде потребно“, објави Ројтерс.

Се очекува преговорите да почнат денеска во палатата Долмабахче во Истанбул.

Трамп моментално е во посета на Катар, по посетата на Саудиска Арабија, а треба да ги посети и Обединетите Арапски Емирати.

Претходно Трамп истакна дека денеска нема учествува во преговорите, а најави дека нема да дојде доколку Путин не дојде на разговорите. На списокот на руската делегација го нема името на рускиот претседател. Денеска во Истанбул ќе биде само украинскиот претседател Володомир Зеленски.