Трамп: САД може да го напушти НАТО, доколку…

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Ако продолжи нефер политиката кон САД, ќе размислиме да го напуштиме НАТО“.

Ова го најави новиот претседател на САД, Доналд Трамп.

„Европските нации не искористија нас во трговијата. Не земаат автомобили од нас, не земаат храна, не земаат ништо. Згора на тоа ние ги браниме. Можев да добијам стотици милијарди долари вложени во НАТО само со строг став. Им рековме: нема да ве заштитиме ако не платите, и тие почнаа да плаќаат. Ако сојузниците си ги плаќаат сметките, и ако се однесуваат праведно кон нас, одговорот е да, ќе останеме во НАТО“, изјави Трамп.