Трамп: САД целосно го контролира небото над Иран

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека Соединетите Американски Држави целосно го контролираат небото над Иран.

„Сега имаме целосна и тотална контрола врз небото над Иран. Иран имаше добри уреди за следење и друга опрема за воздушна одбрана, и тоа многу, но тоа не може да се спореди со „работите“ на Америка. Никој не го прави тоа подобро од добрите стари САД“, напиша Трамп на својот профил на TruthSocial.

Претходно, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху исто така изјави дека Израел го контролира небото над Иран.