„Обновете го и повторно отворете го Алкатраз“. Ова беше пораката на Доналд Трамп на социјалната мрежа Truth Social . Озлогласениот затвор е затворен повеќе од 53 години, а Трамп верува дека тоа е единственото решение за суровите бандити и криминалци кои ја мачат Америка.
„Кога бевме посериозна нација, не се двоумевме да ги затвориме најопасните кримиланци и да ги држиме подалеку од секого кого можеа да му наштетат. Така треба да биде. Повеќе нема да ги толерираме овие криминалци да шират крвопролевање на нашите улици“, напиша Трамп.
Трамп им нареди на Бирото за затвори, Министерството за правда, ФБИ и Министерството за внатрешна безбедност повторно да го отворат затворот, со дополнителни проширувања.
„Нема повеќе да бидеме заложници на криминалци, бандити и судии кои се плашат да ја работат работата. Алкатраз ќе биде симбол на закон, ред и правда. Ќе ја направиме Америка повторно голема“, напиша Трамп.

Алкатраз пред да стане затвор, бил воена база. Тоа е изолиран објект на остров, опкружен со ладно море и опасни струи. Првично бил воен затвор, а потоа на почетокот на 20 век почнале да се затвораат и цивилни затвореници.
Најголемите американски криминалци ги отслужуваа своите казни во комплексот од 90.000 квадратни метри, вклучувајќи ги Ал Капоне, Док Баркер и Џорџ „Митранген“ Кели. 36 затвореници се обиделе да избегаат. 23 од нив беа фатени, шест беа убиени, двајца се удавија, а петмина се сметаат за исчезнати.
За последното и најпознато бегство беше сниман и филм, во кој глумеше познатиот актер Клинт Иствуд.
