Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека сака рускиот претседател Владимир Путин да постигне договор за ставање крај на војната во Украина.
Тој истакна дека нема желба да воведе секундарни царини, кои претходно се закануваше дека ќе ги воведе на купувачите на руската нафта, пренесува Ројтерс.
Трамп рече дека постои комуникација со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун и дека американската администрација најверојатно „ќе направи нешто“ во врска со ангажманот со Пјонгјанг.
