Трамп се закани со 50% царини за ЕУ

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Американскиот претседател Доналд Трамп, најави царини од 50% за Европската унија од 1. јуни. Тој ова го објави на својата социјална мрежа „The Truth Social“, со порака дека „преговорите со ЕУ не водат никаде“.

Веднаш по соопштението, европските берзи паднаа на 2%.

„Европската Унија, која беше основана првенствено за да ги експлоатира Соединетите Американски Држави во трговијата, е исклучително тешка за соработка. Нејзините силни трговски бариери, ДДВ, апсурдни казни за корпорациите, нетарифни бариери, монетарна манипулација, неправедни и неосновани тужби против американски компании и друго, доведоа до трговски дефицит со Соединетите Американски Држави од повеќе од 250 милијарди долари годишно – бројка што е целосно неприфатлива.“

Нашите преговори со нив не водат никаде! Затоа, препорачувам воведување на рамна царина од 50% за Европската Унија, почнувајќи од 1 јуни 2025 година. За производите што се произведуваат или склопуваат во Соединетите Американски Држави, царината не се применува. Ви благодарам за вниманието“, гласи пораката на Трамп.