Трамп: Сериозно размислувам за повлекување на САД од НАТО

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека сериозно размислува за повлекување на САД од НАТО, повторно доведувајќи ја во прашање целта на алијансата.

„НАТО денес е непрепознатлив“, рече Трамп во интервју за британскиот весник „Телеграф“.

Тој додаде дека никогаш немал доверба во Алијансата.

„НАТО никогаш не ме убеди. Отсекогаш знаев дека се тигар на хартија, а тоа го знае и Путин“, изјави Трамп.

Во последните недели американскиот претседател остро ги критикуваше сојузниците за тоа што не учествуваат во повторното отворање на Ормутскиот теснец, кој Иран го затвори за време на војната во Блискиот Исток.

„Не само што ги немаше, туку и беше тешко да се поверува. Дури и не инсистирав премногу премногу, само реков: „Еј, зарем не треба реакцијата да биде автоматска“, додаде Трамп.