Американскиот се уште актуелен претседател Доналд Трамп, најави дека „најважниот случај во историјата“ ќе се одигра пред Врховниот суд во САД.
„Ако Врховниот суд покаже мудрост и храброст, американскиот народ ќе победи веројатно во најважниот случај во историјата, и нашиот изборен процес одново ќе биде почитуван“, најави Трамп.
Државата Тексас покрена спор со кој се бара блокара на заседавање на електоратот од четири држави: Мичиген, Џорџија, Пенсилванија и Висконсин. Тоа се државите за кои Трамп тврди дека во нив имало изборни неправилности.
Тексас во тужбата го поддржаа 18 други сојузни држави, а тврди дека четирите спортни држави го „узурпирале авторитетот“ кој Уставот го дава на законодавците ги ги промениле изборните правила правејќи ги отворени за кражби.
