Трамп слета во Саудиска Арабија, неговиот авион беше опколен со пет борбени авиони

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп со бизнис делегација пристигна во Саудиска Арабија утрово, започнувајќи четиридневна турнеја низ Заливот.

Саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман го пречека Трамп, објави „Аларабија њуз“.

Во придружба на американски бизнисмени, вклучувајќи го и извршниот директор на „Тесла“ и советник на Трамп, Елон Маск, Трамп прво ќе го посети Ријад, каде што се одржува саудиско-американскиот инвестициски форум, пред да отпатува во Катар и Обединетите Арапски Емирати во четврток.

Откако влезе во воздушниот простор на Саудиска Арабија, пет борбени авиони го опколија авионот на Трамп и го чуваа се до неговото слетување.

За Трамп ова е прва државничка турнеја од почетокот на неговиот втор мандат.