Американскиот претседател Доналд Трамп повторно го критикуваше рускиот претседател Владимир Путин за време на прес-конференцијата во вторник во Белата куќа.
Трамп рече дека рускиот лидер едноставно не е подготвен да ја заврши „својата војна во Украина“, објави Ројтерс.
„Слушајте, многу сум разочаран бидејќи Владимир и јас имавме многу добри односи, веројатно сè уште имаме. Тој навистина мора да ја реши оваа војна, не знам зошто продолжува со војната“, рече Трамп.
Трамп рече дека поради Путин се чувствува „многу лошо“.
Што се однесува до Зеленски, истакна дека ќе има средба на 17. октомври со него и ќе дискутираат за одлуката на САД да обезбедат ракети со далечен дострел „Томахавк“.
„Тој сака оружје, сака да има Томахавк ракети“, изјави Трамп.
Членови на украинската влада веќе се во Вашингтон пред пристигнувањето на Зеленски и се сретнаа со високи американски претставници на 14 октомври.