Американскиот претседател Доналд Трамп објави на својата платформа Truth Social дека спречил избувнување на три нуклеарни војни за време на неговиот мандат и уште еднаш се пофали со обновувањето на американската воена моќ и нуклеарен арсенал.
„Соединетите Американски Држави се најмоќната земја во светот. Во мојот прв мандат, целосно ја обновив нашата војска, вклучувајќи нови и многу обновени нуклеарни боеви глави. Исто така, ги воведов и Вселенските сили, а сега продолжуваме да ја обновуваме војската на нивоа што никогаш порано не се видени. Додаваме борбени бродови во војската, кои се 100 пати помоќни од оние што пловеа по морињата за време на Втората светска војна – Ајова, Мисури, Алабама и други“, објави Трамп.
„Спречив избувнување на нуклеарни војни низ целиот свет меѓу Пакистан и Индија, Иран и Израел, и Русија и Украина. Наместо да го продолжуваме договорот „Нов СТАРТ“, кој беше лошо договорен од САД и, меѓу другото, грубо се крши, треба да ги ангажираме нашите нуклеарни експерти да работат на нов, подобрен и модернизиран договор што може да трае долго во иднина. Ви благодарам за вашето внимание на ова прашање“, напиша Трамп.
