Трамп телефонски разговарал со Трудо

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска телефонски разговарал со премиерот на Канада, Џастин Трудо, јавува Си-Ен-Ен.

Тие цитираат двајца неименувани официјални претставници на Белата куќа, а овој разговор е откако Трамп завчера воведе општи царини од 25 отсто за Канада.

Како одмазда, Трудо рече дека веднаш ќе воведе царина од 25 отсто за стоки во вредност од 20,7 милијарди долари, по што ќе следуваат дополнителни 86,2 милијарди долари за 21 ден, по што повторно се огласи Трамп.

„Ве молиме објаснете му на гувернерот Трудо од Канада дека кога ќе воведе возвратна тарифа за САД, нашата реципрочна тарифа веднаш ќе се зголеми за истиот износ“, напиша Трамп.