Трамп: Украина треба брзо да седне на преговарачка маса

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Американскиот претседател Доналд Трамп пред трилатералните преговори во Женева ѝ порача на Украина дека „подобро е брзо да дојде на преговарачката маса“. Трамп тоа го изјави пред новинарите во претседателскиот авион Air Force One, пишува Украинска Правда.

Коментирајќи ги трилатералните преговори што се одржуваат на 17 и 18 февруари во Женева, Трамп рече: „Очекуваат големи преговори. Треба да биде многу лесно.“

„Украина треба брзо да дојде на преговарачката маса. Тоа е сè што можам да кажам“, заклучи тој.

Преговори во Женева

Украинската делегација пристигна во Женева синоќа. Руска страна пред овој круг на преговори направи измени во својот тим, па делегацијата сега ќе ја предводи Владимир Медински, помошник на рускиот претседател Владимир Путин. Украинскиот претседател Володимир Зеленски изрази надеж дека тие промени нема да ги забават преговорите со САД и Русија за можно завршување на војната.