Трамп: Уверен сум дека Русија по грешка го гранатираше Суми

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Откако две руски балистички ракети го погодија самиот центар на украинскиот град Суми, при што загинаа 34 лица, се огласи амеирканскиот претседател Доналд Трамп.

Тој изјави дека нападот врз Сума бил страшен.

„Мислам дека ова е страшно. Ми кажаа дека направиле грешка. Целата војна е ужасна работа. Самиот почеток на таа војна беше злоупотреба на моќта. САД немаше никогаш да дозволи таа војна да почне ако бев јас претседател. Таа војна е срамота“, им рече тој на новинарите.

Запрашан да разјасни што сака да каже со грешката, Трамп рече: „Тие направија грешка… ќе мора да ги прашате“.

Тој дополни дека оваа војна е по вина на Бајден.

„Ова не е моја војна. Таа е на Бајден“, рече Трамп.