Американскиот претседател Доналд Трамп, потврди дека во блиска иднина ќе нема самит со претседателот на Русија Владимир Путин, по најавите дека лидерите на САД и на Русија ќе се сретнат во Будимпешта. Трамп кажал дека „не сака уште еден пропаднат состанок“, и дека клучна пречка останува одбивањето на Русија да ги прекине борбите на линијата на фронтот.
„Не сакам уште еден пропаднат состанок и не сакам да губиме залудно време“, рече Трамп.
Висок функционер на Белата куќа претходно рече дека не е планирана никаква средба Трамп – Путин во блиска иднина.
Трамп минатата недела објави дека ќе се сретне со Путин во следните две ендели, а Будимпешта веќе беше потврдена како место на средбата. Требаше да има и подготвителна средба на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Марко Рубио во четврток во Будимпешта, но истата беше откажана поради тоа што како што беше објавено од Белата куќа, двајцата „имале продуктивен телефонски разговор“.
President Trump on not meeting Putin: “I don't want to have a wasted meeting. I don't want to have a waste of time.” pic.twitter.com/3Q4MjhAALH
— Fox News (@FoxNews) October 21, 2025