Американскиот претседател Доналд Трамп за време на средбата со претседателот на Ел Салвадор во Белата куќа рече дека се сомнева во способноста на украинскиот претседател Володимир Зеленски.
– Ако Бајден е компетентен, ако Зеленски е компетентен … а не сум сигурен дека е … Оваа војна никогаш не треба да се дозволи – рече американскиот лидер коментирајќи го својот став за украинскиот конфликт.
Претходно американскиот претседател говорејќи за напредокот во решавањето на конфликтот во Украина рече дека, според него, се оди добро.
Тој додаде дека многу брзо се очекуваат вести за ова прашање.
Подоцна, специјалниот пратеник на Белата куќа, Стивен Виткоф, изјави дека во контекст на решавање на конфликтот, постои можност да се биде „на работ на нешто што ќе биде многу важно за светот во глобална смисла“.
Според него, овој процес ги надминува „т.н. пет територии“ во рамките на мировниот договор се зборува за безбедносни гаранции и откажување од плановите за прием на Киев во НАТО.
