Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, денеска изјави дека претседателот на Украина, Володомир Зеленски е заинтересиран за договор за стаљвање на крај на војната со Русија, откако двајцата имаа средба во Париз.
Францускиот претседател Емануел Макрон беше домаќин на тринасочни разговори со Зеленски и Трамп во Елисејската палата во саботата, додека во Киев расте стравот за ставот на новата американска администрација.
Трамп отворено се спротивстави на испраќањето милијарди долари воена помош за Украина и еднаш се пофали дека би можел да го заврши конфликтот за 24 часа.
„Зеленски и Украина би сакале да склучат договор и да го запрат лудилото“, напиша Трамп на својата платформа „Truth Social“.
„Зеленски и Украина би сакале да склучат договор и да го запрат лудилото“, напиша Трамп на својата платформа „Truth Social“.
