Трамвај излета од шините и „влезе“ во продавница во Осло

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Трамвај во норвешкиот главен град Осло, излета од шините и удри во продавница во централниот дел на престолнината. Ова го објави “Ројтерс“ повикувајќи се на извори на норвешката полиција. Три лица се повредени.

Во моментот на инцидентот во трамвајот биле 20 патници.

Фотографиите објавени од норвешките медиуми покажуваат како трамвајот удира во продавница за компјутери во Осло. Направена е голема штета на продавницата.