„Транспортер“ пред пресуда, денешното рочиште се одложи – Талески во болница

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во кривичниот суд се одложи судското рочиште за предметот „Транспортер“ поради отсуство на првообвинетиот екс градоначалникот на Битола, Владимир Талески.

Случајот се наоѓа во завршни зборови и е пред самиот крај по што следува првостепена пресуда.

Како што дознава ТВ21, синоќа Талески е хоспитализиран во битолската болница со здравствени проблеми.

Во „Транспортер“ обвинети се поранешниот битолски градоначалник Владимир Талески и уште 20-тина лица за злоупотреба на службената положба во врска со организирањето превоз на ученици во Битола, со што е направена проневера на околу 360.000 евра.

Предметот го води судијката Добрила Кацарска, а застапник на обвинението е Трајче Пеливанов.