Трчање со куче е добро за здравјето

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ако поседувате куче како љубимец, треба да знаете дека трчањето со него има многу корист за вашето физичко и ментално здравје, но и за здравјето на животното. Освен што ќе имате добра линија, ќе бидете помалку наклонети кон анксиозност и депресија, а и срцето подобро ќе ви работи.

Почеток на денот ако ви почнува со трчање со куче, тогаш тоа е одличен начин да го сочувате и подобрите вашето здравје, но и да остварите подобра врска со вашиот љубимец.

Кучето лесно ќе се вклучи во вашите навики, а ќе научи и социјални вештини. Трчањето ќе ги разработи мускулите на вашето куче, а на нив е потребно редовно да трошат калории.

Исто така се зајакнува и вашето и срцето на кучето. Студиите покажуваат дека активниот начин на живот го намалу стресот и анксиозноста и кај луѓето и кај животните.