Требаше ли бразилскиот играч да добие црвен картон за ударот?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во четвртфиналето на Светското првенство во Катар играат Хрватска и Бразил. Хрватска одлично го започна натпреварот, а Бразил на стартот не создаде ниту една вистинска шанса.

Но, во 25. минута имаше прекршок на бразилскиот дефанзивец Данило, што предизвика бурни реакции кај хрватските фудбалери.

Данило со крената нога го удри Јурановиќ во главата.

По таа топка Јурановиќ тргна со глава, а бразилскиот играч скокна и многу високо ја крена ногата и го закачи Јурановиќ.

Хрватската клупа скокна и побара од судијата Мајкл Оливер да му даде црвен картон на Данило, но Англичанецот му даде само жолт картон.