Тренерска смена во ФК Шкупи: Ѓока на местото на Жижовиќ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Екипата на Шкупи, после слабите резултати се реши за тренерска смена. Така на местото на Младен Жижовиќ, тимот од Чаир тренерската задача му ја довери на Ернест Ѓока, стручњак од Албанија кој беше на клупата на Шкендија.

Ѓока досега ги водеше албанските клубови Кукеши, Фљамуртари, Влазнија, Камза, Аполонија… Ја освои шампионската титула со Шкендија во сезоната 2020/21.

„Задоволен сум што дојдов во тим како Шкупи, кој има за цел да дојде до титулата. Среќен сум што ми беше доверена довербата, и се надевам дека во последните пет меча ќе ги свртиме работите во наша корист, и зошто да не дојдеме до титулата во финишот, со оглед дека овој тим ја има таа амбиција“, рече Ѓока.

Договорот на Ѓока е до јуни 2025 година.