Тренинг за време на коронавирус – како дома да пливате, возите велосипед и трчате?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Секој ден почнува во 05 часот наутро. Се качува по таванот од својата куќа со опрема за искачување. Вака изгледа секојден на Лесли Амат.

27 годишната триатлонка од Куба, веќе години се подготвува за ова лето да се се најде на Олимписките игри во Токио.

„Моравме да импровизираме пливање во кужни услови, возење велосипеди и трчање. Принудена сум на ова, бидејќи се уште не ја остварив својата цел да се кваливикуван на Олимписките игри. Поради коронавирусот, квалификациите се прекинати.“, рече Амат.

Триатлонот е една од најтешките олимписки дисциплини. Откако ќе испливаат 1500 метри, натпреварувачите 40 километри возат велосипед, а потоа трчаат 10 километри.

Триатлонците се навикнати на предизвици, но одржувањето на натпреварувачко-олимписка форма во вакви моменти, е еден од најтешките со кој досега се соочиле.

Навикнати за постојано поместување на границата за издржливост, овие спортисти имаат моќ за прилагодување.

Во Куба бидејќи се ограничени финансиските трансакции, Лесли со својот тренер морале да бидат креативни.

Базенот е импровизиран и прилагоден за долготрајно пливање.

Пронајдена е и замена за лената за трчање.

„Морам да работа вака, бидејќи не знам кога натпреварувањето ќе се продолжи. Не знаеме кога во светот ќе продолжи трката.“, рече Амат.

Во моменти на неизвесност, тешко е да се одржи моралот кај спортистите на високо ниво. Но тренерот на Лесли тоа успешно го прави.

„Многу е важно да продолжиме со тренинзите и не знаеме кога ќе ни кажат да бидеме спремни. Мора да продолжеме да се бориме и да не се откажуваме. Четири години се подготвуваме за Олимписките игри, ако треба ќе тренираме и петта.“, изјави Досиеле Фернандез.

Ваков тренет ќе им биди потребен на многу спортисти во иднина, ако се слушаат ставовите на Светската здравствена организација како и директорот на ОИ, Тоширо Муто дека доколку не се пронајде вакцина нема одржување на Олимписките игри во 2021 година.