Три автомобили и едно комбе денеска на улицата „Гоце Делчев“ во Штип предизвикаа карамбол.
Имено, причинета е само материјална штета, додека пак надлежните од СВР Штип во моментов вршат увид на местото на несреќата.
Како една од причините за карамболот се вели дека е подмрзнатиот коловоз и неприспособената брзина на условите на патот.
Истрагата е во тек.