Три дена по отворањето на градинките, три заразени – во изолација вработени и деца

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пред 3 дена се отворија градинките, а веднаш се појавија 3  случаи на вработени заразени со коронавирус. Во првиот случај станува збор за вработена во градинката „Мајски цвет“ – Битола, а вториот случај е во градинката „Раде Јовчевски – Корчагин“ – Скопје и во градинката „Рахилка Гонева“ – Свети Николе

„Од стана на КЗБ остварен е  контакт со родителите на децата и изолирани се само децата од таа група. Согласно нивните проценки, нема опасност за  останатите групи од објектот и тие можат да продолжат со работа и примање на деца. Притоа, согласно насоките на КЗБ, во домашна изолација се и други пет вработени во истата градинка до 15 односно  17 септември, од последниот контакт со заболената вработена во градинката“, велат од Министерството за труд и социјална политика.

Вработената во градинката „Раде Јовчевски Корчагин“Скопје, од 9 септември не одела на работа и немала контакт со деца.

„Согласно, препораката на епидемиолозите, каде е пријавен случајот,  доколку до недела 13.09.2020 година не се пријават вработени со симптоми објектот може да продолжи да работи  нормално од понеделник“, велат од Министерството за труд и социјална политика.

Неколку дена пред да се отворат градинките, министерот за здравство и министерката за труд и социјална политика, изјавија дека не е потребно да се направи втор тест или скрининг на вработените во градинките.

Од министерството велат дека се преземаат сите мерки за дезинфекција на објектите и просториите на градинките. Исто така денеска има позитивен случај на вработена во градинката „Рахилка Гонева“ – Свети Николе. Но ова градинка не почнала воопшто со прием на деца. Раководителката на градинката чека епидемиолозите да ја оценат општата епидемиолошка состојба, пред да почнат со прием на деца.