Три години од крватиот 27-април – лузните сѐ уште се „свежи“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Сѐ уште се свежи сеќавањата, но и лузните на лидерот на СДСМ Зоран Заев од настаните на 27 април во Собранието. Поминаа три години од крвавиот четврток кога за својот живот во Собранието се бореа пратеници, новинари, вработени во парламентот, никогаш повеќе да не се повтори, изјави Заев за ТВ21 на прашањето како од оваа временска дистанца гледа на овие немили случувања.

„Ниту јас ниту граѓаните не го забораваме теророт и насилството што се случи таа вечер. Но ниту јас ниту граѓаните не забораваме колку далеку може да отиде ВМРО-ДПМНЕ. Не забораваме ниту дека насилниците точно знаеја каде се наоѓаме. Не забораваме дека некој беше подготвен да убие пратениците и државата да ја втурне во војна, само да го заштити криминалниот режим на ВМРО-ДПМНЕ.“, рече Заев.

Една година по настаните, во август 2018 година почна судскиот процес за насилниот напад, се уште нема целосна судска разрешница. Згора на тоа дамка на овој процес фрли и амнестијата на 15 учесници кои имаа големо влијание врз овој настан, како што е отворањето на вратите на Собранието но и насочување на насилниците кон просторијата во која потоа брутално беа нападнати пратениците.

„Парламентот без да се меша во правосудството прифати дека се прави разграничување на она што е изманипулирани поединци од она што се насилници и посегнувачи по животи на луѓе на начин на кој што парламентот треба да биде тој кој што прв ја подава раката на помирување. И тука се случи тоа помирување помеѓу пратениците. Јас верувам и тоа не е тајна, во еден момент секако им требаа на државата за двотретинско мнозинство.“, изјави Заев.

Токму за овој дел од настаните од Собранието говори и Арбен Таравари, според кого, организаторите се надворе од државата или во кулоарите на власта, а Фета Алими е во затвор.

„Денеска три години од овој настан, за жал организаторите на 27 април се надвор од државата или низ кулоарите на власта. А човекот кој го спаси г. Села, г. Фетах Алими е неправедно во затвор. Никогаш веќе да не дојде ден кога добрите работи треба да ги добиваме со наша крв. Да ја направиме оваа земја подобра со гласови а не со насилство.“, вели Таравари.

За случувањата во Собранието на 27 април група новинари помогнати од ЗНМ денеска поднесоа тужби против државата за повреда на правото на слобода на изразување и надомест за нематеријална штета.