Три лица привдени за семејно насилство во последното деноноќие

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На 28.06.2026 во 00:10 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода А.С.(25) од село во Општина Старо Нагоричане, постапувајќи по претходна пријава дека на 27.06.2026 околу 18:30 часот физички ја нападнал неговата 26-годишна сопруга. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 27.06.2026 во 19:40 часот во скопско полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.Ј.(61), по претходна пријава дека во домот физички ги нападнал неговата 55-годишна сопруга и нивната 21-годишна ќерка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 28.06.2026 во 02:30 часот во Скопје, на подрачјето на Чаир, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода У.И.(41), по претходна пријава дека на 27.06.2026 во домот физички ја нападнал неговата 39-годишна сопруга. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 28.06.2026 во 07:10 часот во Полициската станица Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со С.К.(62), по претходна пријава дека во домот на подрачјето на Центар физички ја нападнала нејзината 41-годишна ќерка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.