На 09.11.2022 околу 13.10 часот, за време на одигрување на фудбалски натпревар на стадионот во Чаир помеѓу екипите на ФК „Шкупи“ од Скопје и ФК „Шкендија“ од Тетово, неколку лица членови на навивачка група на ФК „Шкупи“ влегле на теренот и се обиделе физички да се пресметаат со гостинскит фудбалери.
Полициски службеници интервенирале и спречиле поголем инцидент и притоа од слобода биле лишени Ф.Ч.(32), Д.Ј.(21) и У.С.(18), сите од Скопје, кои биле задржани во Полициската станица Бит Пазар.
Се преземаат меркии за расчистување на случајот, по што ќе бидат поднесени соодветни пријави.
