Косовската полиција потврди дека денеска околу 16:30 часот добила информација дека три лица се убиени во селото Руфц во општина Липљан.
Портпаролката на полицијата за регионот на Приштина, Флори Ахмети изјавила дека полицијата веднаш по добиената информација излегла на местото на настанот каде пронашла безживотни тела, додека нивната смрт била констатирана од лекарскиот тим.
Таа додаде дека полицијата започнала истрага за случајот и околностите, но оти засега нема информации за можните мотиви и сторители на делото.
Како што пренесуваат косовските медиуми, станува збор за семејна трагедија.
