Три лица загинаа при уривање на мал авион во Тенеси

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Три лица загинаа во Тенеси при уривање на мал едномоторен авион, соопшти Федералната управа за воздухопловство на САД (ФАА).

Во соопштението се наведува дека авионот полетал од американската држава Алабама и се урнал во саботата додека се подготвувал за слетување на регионалниот аеродром Апер Камберленд во округот Вајт, пренесе Ен-Би-Си.

Авионот се урна јужно од аеродромот во Спарта, се вели во соопштението.

Управата за вонредни ситуации, пожарникарите и волонтерите го пронајдоа урнатиот авион.

ФАА и Националниот одбор за безбедност во сообраќајот ја истражуваат несреќата.