Три најчести лаги кои ги изговараат децата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Сите деца во некоја доба од детството лажат. Колку и да е фрустрирачки да се слушаат измислици од нивните усти, важно е да се земат во предвид околностите во кои го прават тоа.

Дали некогаш децата ви кажале дека јавал еднорог, или понекогаш го препишува нередот во собата на чудовиште кое ги скршило играчките? Децата понекогша замислуваат и некои ситуации додека си играат, а тоа ги потикнува да ги искористат како објаснување за поедини ситуации.

Кога детето ќе ви раскаже нешто слично, прашајте го дали стварно се случило или можеби сакало да се случи. Неосудувачкиот пристап ќе го охрабри вашето дете да признае дека тоа е негова скриена желба.

Понекогаш децата ќе ги изедат колачите, иако сте му забраниле, ќе ја сркшат играчката на братот или ќе направат некоја „белја“. Како и возрасните, и децата понекогаш ги избегнуваат последиците од своите постапки, а вие да реагирате исправно за почеток смирете се. Што помирна реакција тоа подобар резултат. Понудете му на детето уште еднаш да размисли и повторно поставете прашање. Така им давате прилика да видат искрени а често тоа ќе се случува. Тогаш пофалете ги и покажете им дека ви значи што ви ја кажале вистината.

И третата лага е кога децата сакаат да импресионираат други. Ништо ново, тоа го прават и возрасни. Претерувањето, искривувањето на вистината и потполно измислување на приказна понекогаш служат децата да им покажат на другите колку се одбри, да се истакнат или да добијат наклонетост од другите. Во овој случај концетрирајте се на причините кои би можеле да бидат во позадина на овие случувања и размислете дали вашето дете можеби има проблем со самодовербата.