Три жени загинаа во експлозија што се случи во петокот во фабриката „Авангард“ во градот Стерлитамак во Република Башкирија во југозападна Русија, објави денес гувернерот Радиј Хабиров.
„За жал, загинаа три лица, сите жени. Меѓу нив беше и млада жена, родена во 2002 година. Две жени оставија зад себе деца. Компанијата ќе ја обезбеди потребната поддршка, а ќе биде исплатена и отштета. Изразувам искрено сочувство до семејствата на жртвите“, објави Хабиров на социјалните мрежи, пренесува агенцијата Интерфакс.
Уште пет лица се хоспитализирани – две со сериозни повреди и три со умерени повреди, но гувернерот потврди дека нивните животи не се во опасност.