Три знаци дека пиете премногу вода

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

ЧЕСТО ни кажуваат да пиеме осум чаши вода дневно, но тоа можеби не е магичната бројка. Истражувањето на Универзитетот во Абердин објавено минатата недела сугерира дека препорачаниот внес од два литри вода дневно всушност не одговара на нашите реални потреби. Имајќи предвид дека околу половина од нашиот дневен внес на вода доаѓа од храна, научниците проценуваат дека ни требаат само околу 1,5 до 1,8 литри вода дневно.

„Ова не значи дека треба да престанеме да пиеме вода. На нашите тела му е потребна за голем број суштински функции“, изјави докторката Брајони Хендерсон за The Independent.

„Водата ги транспортира хранливите материи до клетките и го отстранува отпадот, а ги подмачкува мозокот и зглобовите. Преку потењето помага и за регулирање на телесната температура“, додаде таа.

Дехидрацијата настанува кога телото губи повеќе вода отколку што добива, а може да влијае на речиси секој дел од нашето тело. На пример, може да ја попречи нашата концентрација и да доведе до главоболки, екстремен замор и запек.

„Жедта е најдобар показател дека нашето тело бара вода. Меѓутоа, додека да почувствувате жед, можеби веќе сте дехидрирани“, вели д-р Хендерсон.

Таа препорачува да јадете многу овошје и зеленчук богати со вода и секогаш да имате шише вода со вас, особено кога вежбате. Но, можно е и претерување со внесот на вода. Еве неколку знаци дека пиеме повеќе вода отколку што ни треба.

Почесто мокрење

„Зголемениот внес на вода значи дека пиете премногу вода што бубрезите не можат да ја обработат, што може да предизвика акумулација на вода во вашиот крвоток“, истакнува д-р Хендерсон. Ова може да значи дека телото не го исфрла несаканиот отпад, што може да ни направи да се чувствуваме болни.

Задржување на вода

Ако се чувствувате подуени или чувствувате дека брзо се дебелеете, можеби задржувате вода.

„Задржувањето на водата настанува кога телото не може физички да се ослободи од водата, што може да има сериозни последици. Оваа состојба е опасна бидејќи го нарушува балансот помеѓу натриумот и водата во крвта“, додава докторот.

Ниско ниво на сол

„Пиењето премногу вода може да предизвика труење со вода“, објаснува Хендерсон

Недостатокот на сол во телото може да доведе до гадење, повраќање, мускулна слабост и раздразливост.

„Ако не се лекува, труењето со вода може да доведе до состојба наречена хипонатремија, што значи дека нивото на сол или натриум е опасно ниско.