Во рамки на одбележувањето на 20-годишнината на Охридскиот рамковен договор, во организација на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците и Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците денеска се одржа трибина „Скопје на новите албански адреси, одраз на духот на Охридскиот договор’’. Директорот на овој институт, Скендер Асани, зборувајќи за важноста на овој договор рече дека тој е историски израз меѓу епохите, оценувајќи дека не ги исполнува аспирациите на албанскиот народ векови по ред.
„Во Рамковниот договор меѓународната заедница го опфати и културното наследство бидејќи само ако Албанците се чувствуваат нападнати и предизвикани за културното наследство, тогаш Македонија нема да има јасна перспектива и ќе навлезе во конфликт како елемент од кој ќе се распадне“, посочи Скендер Асани.
Првиот вицепремиер и Министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби побара од ИДКНА Рамковниот договор да се третира како културно наследство на Албанците, потсетувајќи ја јавноста на кои државни институции се зборува на албански.
„Сакав да ве замолам токму од овде каде сме денес во ИДКНА, да го третирате Охридскиот договор како културно наследство на Албанците и да направите вистинска студија, почнувајќи од 20 –годишнината, да направите споредба, драг Емин, како било и како е денеска. Во Владата се зборува на албански, во Собранието се зборува на албански, одете на веб -страницата на претседателот, исто така се е на албански. Не подалеку од вчера во обележувањето на Илинден ечеше песна на албански јазик на сред Крушево“, вели Артан Груби.
На трибината се разговараше и за именувањето на скопските улици со имиња на албански херои. Асани рече дека не постои друг договор во историјата на албанскиот народ каде посредникот е меѓународниот фактор. Говорот одржаа и истражувачот во ИДКНА, Емин Аземи, правнукот на Хасан Приштина, Мехмет Приштина, советникот Бесник Ајети и со видео презентација од САД се јави и истражувачот, Дејвид Хосафлук.
