Тричковски ја заврши својата играчка кариера!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Еден од најдобрите македонски фудбалери, 38-годишниот Иван Тричковски официјално реши да ја заврши својата блескава кариера.

По завршувањето на сезоната со АЕЛ Лимасол, Тричковски стави крај на својата професионална играчка кариера.

По настапот на Европското првенство во 2021 година, Тричковски се повлече од настапите за македонската репрезентација. 

Сепак тој останува дел од кипарскиот тим, сега како генерален директор на клубот.

„Крај на кариерата на еден голем играч и човек. Среќен и горд сум што бев дел од менаџментот на фудбалската кариера на Иван Тричковски, на кого му посакувам многу успех во иднина како генерален директор на АЕЛ Лимасол“, напиша Никола Ѓошевски, неговиот менаџер.

Тричковски ја започна својата кариера во Вардар, а беше дел од „црвено-црните“ до 2007 година. Потоа играше за Работнички од каде замина за Црвена Звезда (Србија), па во Клуб Бриж, Беверен (Белгија), Ал-Наср (ОАЕ), Легија Варшава (Полска), Енозис, АПОЕЛ, АЕК Ларнака и АЕЛ Лимасол (Кипар).

Тричковски за репрезентацијата на Македонија одигра 65 меча на кои даде седум гола.