Тридневна жалост во Србија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Владата на Србија донесе одлука за тродневна жалост по повод трагедијата која утрово се случи во ОУ „Владислав Рибникар“ во центарот на Белград.

Осум деца и еден вработен на обезбедувањето ги загубија животите. Наставничка и четири деца се хоспитализирани. Едно дете е во животозагрожувачка состојба и лекарите се борат за живот.

Според истрагата, нападот бил планиран. Ученикот имал со себе и список на деца кои требало да ги ликвидира. Носел и молотови коктели.

Наставата во сите училишта низ Србија денеска е прекината, а утре ќе биде по скратен распоред и со минута молчење.