Трифонов: Ќе сторам се што е можно Бугарија да добие влада

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Лидерот на „Има таков народ“ Слави Трифонов денеска соопшти дека имал средба со лидерите на „Промените продолжуваат“, Кирил Петков и Асен Василев, на која им ветил поддршка за формирање нова бугарска влада , јави дописникот на МИА од Софија.

Трифонов на својот профил на Фејсбук напиша дека ќе направи се што е можно и се што зависи од него за што поскоро, уште со првиот доделен мандат, да се формира владата. Затоа, додава, денеска ја прифатил поканата за средба упатена од победниците на изборите – „Промените продолжуваат.“ Тој директно порача дека ќе направи се што е можно, се што зависи од него и неговата партија „Има таков народ“, владата да може да се формира, а парламентот да работи и народот да се смири, напиша Слави Трифонов.