Справување со урбанистичкиот хаос во Центар, решавање на проблемот со хигиената, но и со најголемото зло- корупцијата. Ова беа главните поенти кои ги кажаа на гостување во „Клик Плус“ на ТВ21, Билјана Ивановска, кандидатка за градоначалничка на Центар од „Независни заедно“кандидатот на ЗНАМ Мирослав Лабудовиќ, и на СДСМ Горан Герасимовски, на кое одделно учествуваа.
За Ивановска во Општината би немало урбан хаос ако нема корупција. Рече дека последиците од урбанистичкото планирање допрва ќе ги чувствуваме
„И урбаниот хаос е резултат на корупција. Не би постоел урбан хаос доколку би се почитувале стандардите за планирање, стандардите за проектирање, значи се е тоа резултат на корупција. Некој ја злоупотребил својата службена должност и доцртал таму каде што треба по барање на приватниот инвеститор“, рече Ивановска.
Таа вети дека ако ја добие довербата од Центарци, цело свое знаење ќе го вложи во борба со најголемото зло-корупцијата.
Лабудовиќ пак рече дека во Центар се е натрупано и најави ревидирање и носење на урбанистичките планови. Ако победи на изборите покај реновирање на фасадите во Центар најави и поставување фотоволтаици на покривите.
„Мора да се ревидираат и да се донесат урбанистичките планови. Од 34 урбанистички планови, во изминатите 4 години се донесени само три. Со донесување на урбанистички план веќе го уредувате тоа што претходно во 2012 година некој ги донел набрзина плановите и го направил Центар тотално непопуларен“, изјави Лабудовиќ.
Актуелниот градоначалник на Центар, Горан Герасимовски кој на изборите во недела ќе оди на уште еден мандат кажа дека во делот на урбанизацијата спровеле повеќе мерки.
„Ние сме предлагачи да кога имаме 30 посто како што е сега законот, можете да оформите 70 посто од земјиштето. Нашиот предлог е доколку има 70 посто да може да се дооформи 30 посто се со цел да го заштитиме земјиштето. Немаме на лицитација продадено како некој што говори ниту еден квадратен метар.“, изјави Герасимовски.
Герасимовски рече дека многу време било посветено на градинките во изминатите години, инвестиции во училишта, и најави изградба на уште една градинка.