Трка помеѓу Европски фронт и ВЛЕН: „Најжешко“ во Чаир, Тетово, Кичево и Струга!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Досега се објавени речиси сите имиња на кандидатите за градоначалник во албанскиот политички кампус. Но, како двата блока, ВЛЕН и Европскиот фронт, ќе ги мерат силите на локално ниво?

Најголемата трка се очекува во Чаир, каде од редовите на ВЛЕН кандидат е првиот вицепремиер Изет Мехити, додека наспроти него е потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи, како кандидат на Европскиот фронт.

Во Тетово, актуелниот градоначалник Билал Касами ќе се соочи со Бајрам Реџепи. Во Гостивар, ВЛЕН сè уште не го официјализираше кандидатот. Дали независниот кандидат Висар Адеми ќе добие поддршка, останува да се види. На спротивната страна ќе биде Ваљбон Лимани од редовите на Аалијанса за Албанците на Таравари, во рамки на коалицијата на Европскиот фронт.

Во Кичево, Интегративците потврдија дека повторно излегуваат со Фатмир Деари, а наспроти него од ВЛЕН ќе биде актуелниот министер за социјална политика Фатмир Лимани.

Во Дебар, ВЛЕН го кандидираше Фисник Мела, додека кандидат на Европскиот фронт е Илирјан Фетау од редовите на Алијанса за Албанците крилото на Зијадин Села.

Во Струга, независниот кандидат Менди Ќира, кој добил поддршка од ВЛЕН, ќе се соочи со Арсим Далипи од Европски фронт. Липково ќе биде арена за дуелот меѓу Нехмедин Садику од ВЛЕН и актуелниот градоначалник од редовите на ДУИ, Еркан Арифи.

Во Сарај, Мухамед Елмази од ВЛЕН ќе се соочи со Блеранд Рамадани од Европскиот фронт. Во Арачиново, ВЛЕН оди со Даут Беќири, а кандидат на Европскиот фронт ќе биде Скендер Исуфи.

Во Студеничани, ВЛЕН сè уште не го офизијализирала кандидатот, кој треба да се соочи со кандидатот на Европскиот фронт, Ејуп Абази, додека актуелниот градоначалник Азем Садику потврди дека ќе се кандидира како независен.

Во Желино, повторна кандидатура на Блерим Сејдиу од ВЛЕН, кој ќе биде предизвикан од Емир Сулејмани, кандидат на Европскиот фронт.

Во Бервеница, ВЛЕН ќе се натпреварува со Хаким Рамадани, додека Европскиот фронт ќе го поддржи независниот кандидат Енвер Пајазити.

За општина Теарце, кандидат на влен е Даут Мермиши, кој ќе се трка против Назим Таипи, поранешен заменик-директор на ЈП „Патишта“ од редовите на Алијанса за Албанците, крилото на Таравари.

ВЛЕН се уште нема кандидат за Врапчиште, а Исен Шабани е кандидатот на Европскиот фронт.

Во Боговиње, ВЛЕН ќе го кандидидира Фети Абази, додека кандидатот на Европскиот фронт сè уште не е познат.

Во Долнени, Блерим Ислами од ВЛЕН сè уште не го знае противкандидатот од Европскиот фронт.

За Чашка, ВЛЕН сè уште не го објавила кандидатот, додека од Европскиот фронт најверојатно ќе биде Суад Шакири.

За град Скопје, ВЛЕН ќе оди со Башким Бакиу, додека од Европскиот фронт сè уште нема одлука, иако се шпекулира дека тоа би можел да биде партнерот од коалицијата, Скендер Реџепи-Зејди.