Тројца мртви во пукање во Вирџинија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Три лица загинаа, а најмалку тројца се повредени во пукање во округот Спотсилванија во американската сојузна држава Вирџинија, на околу 100 километри јужно од Вашингтон.

Напаѓачот се уште не е фатен, а постои сомнеж дека во престрелката учествувале повеќе лица.

Портпаролката на Канцеларијата на шерифот во Спотсилванија, Елизабет Скот, потврди дека полицијата примила пријава за пукањето во вторникот околу 17:30 часот.

„Официјалните лица ги повикаа луѓето да ја избегнуваат областа, а оние што живеат во близина беа повикани да не ги напуштаат своите домови освен ако не е апсолутно неопходно“, рече Скот.